Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ ПРЕД ТЕШКА ЗАДАЧА: Вардар во моментов игра против КуПС во Финска
Вардар во Куопио го игра реваншот против КуПС со негатива од 2:0. На македонскиот шампион му е потребна убедлива победа за пласман понатаму.

Македонскиот шампион Вардар во моментов го игра реванш-натпреварот против КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ на теренот во Куопио влегоа со негатива од два гола, откако финскиот претставник славеше со 2:0 на првата средба во Скопје.
На Вардар му е потребна убедлива победа
Вардарци се пред тешка задача, бидејќи им е потребна победа од најмалку два гола разлика за да го однесат натпреварот во продолженија. За директен пласман во следната фаза, македонскиот шампион мора да слави со три или повеќе голови разлика.
Необични услови за македонскиот шампион
Натпреварот се игра на стадион со вештачка трева и на значително пониски температури од оние во Скопје. Пред средбата, Вардар го одржа официјалниот тренинг во Куопио, каде стручниот штаб им ги подели последните инструкции на фудбалерите. Дуелот започна во 17 часот, а директен пренос е обезбеден на „Арена Спорт Македонија“.

