Македонија

(ВИДЕО) ПАТРИОТСКИ СПЕКТАКЛ ВО ВОЛИНО: Над 700 гости се собраа на македонската вечер

„Патриотско друштво” организираше голема македонска вечер во Волино, на која, според објавата на организаторите, присуствувале повеќе од 700 гости

(ВИДЕО) ПАТРИОТСКИ СПЕКТАКЛ ВО ВОЛИНО: Над 700 гости се собраа на македонската вечер

Македонска вечер во Волино

Инстаграм страницата „Патриотско друштво” организираше голема македонска вечер во Волино, на која, според објавата на организаторите, присуствувале повеќе од 700 гости. Настанот се одржа во „Ескобар“, а вечерта беше исполнета со македонска музика, песни и патриотска атмосфера. Пред присутните настапија Лео Нелоски и фолклорниот ансамбл „Св. Петар и Павле“. Големиот број гости заедно ги пееја познатите македонски песни и уживаа во програмата. Од „Патриотско друштво” настанот го најавија како најголемата македонска вечер ова лето. Волино уште еднаш беше место каде што се славеа македонската традиција, култура и национален дух.

Жан Митрев