Дознај прв
(ВИДЕО) ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО АЕРОДРОМ: Четири малолетници ќе одговараат по случајот што ја вознемири јавноста
Врсничко насилство во Аеродром: четири малолетници ќе одговараат по Законот за малолетничка правда, а пријавени се и петмина родители.

МВР поднесе кривични пријави
Четири малолетни лица ќе одговараат за врсничкото насилство врз 12-годишно девојче во паркот „Ентер“ во скопски Аеродром, случај кој силно ја вознемири јавноста.
Според информациите што ги објави МВР, две малолетнички, на возраст над 14 години, се осомничени за кривично дело насилство, додека против уште двајца малолетници се поднесени пријави за поттикнување и неовластено снимање. Едниот од нив, според пријавата, го поттикнувал насилството и го снимал инцидентот, додека другиот се товари за неовластено снимање.
Ќе одговараат и родители
Кривични пријави се поднесени и против петмина родители за кривично дело запуштање и малтретирање на дете. Предметот за родителите ќе го води скопското обвинителство, додека постапката за малолетниците ќе се води согласно Законот за малолетничка правда.
Инцидентот се случил на 30 јуни во вечерните часови, а јавноста беше згрозена откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како група малолетници присуствуваат на насилството, додека жртвата е понижувана и малтретирана. Случајот повторно го отвори прашањето за врсничкото насилство, одговорноста на родителите и потребата од навремена реакција на институциите и училиштата.
View this post on Instagram

