Магазин

240 МУЗИЧАРИ НА ЕДНА СЦЕНА: „Кармина Бурана“ се изведуваше во Градскиот парк

240 МУЗИЧАРИ НА ЕДНА СЦЕНА: „Кармина Бурана“ се изведуваше во Градскиот парк

Заедничката изведба на делото „Кармина Бурана“ од Карл Орф вечерва се одржува во Градскиот парк во Скопје. Концертот на отворено ги обедини Државниот симфониски оркестар на Солун, Филхармонијата на Република Македонија и Софиската филхармонија.

Речиси 240 музичари и уметници

Под диригентската палка на Најден Тодоров, речиси 240 музичари и уметници од Грција, Македонија и Бугарија настапуваат на сцената. На концертот учествува и хорот на МОБ, а планирано е да настапат и солистите Ана Дурловски, Николас Спанос и Иво Јорданов.

Обединети филхармонии и хорови

Заедно со нив настапуваат и Хорот на Државното музичко училиште од Солун и Детскиот хор „Пиколо“. Настанот донесе моќен звук на обединети филхармонии и хорови во срцето на Скопје.