Македонија
Дознај прв
СУДОТ ГИ ОСЛОБОДИ ОБВИНЕТИТЕ ЗА НAПАДОТ ВРЗ ПЕНДИКОВ: Не било докажано дека нападот имал етнички мотив
Основниот суд во Охрид ги ослободи Борче Ангелов и Илија Сасески за нападот врз Христијан Пендиков. Судот оценил дека не бил докажан етнички мотив.

Основниот суд во Охрид донесе ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Сасески, обвинети за физичкиот напад врз Христијан Пендиков, поранешен секретар на бугарскиот клуб во Охрид. Одлуката следува откако Апелацискиот суд во Битола го врати предметот на повторно судење.
Судот оценил дека не бил докажан етнички мотив
Денешното рочиште траело околу два и пол часа, без изведување нови докази, објави бугарската национална телевизија БНТ. Судот оценил дека не е докажано оти двајцата обвинети го сториле делото што им се става на товар, ниту дека нападот бил мотивиран од етничка омраза. Претходно, во првостепената постапка, Ангелов и Сасески беа осудени на по осум месеци затвор за нанесување тешка телесна повреда.
Адвокатот на Пендиков незадоволен од пресудата
Адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски, изразил незадоволство од одлуката, оценувајќи дека судијата практично ја променил сопствената претходна пресуда. Во судницата во Охрид присуствувале и пратеници од Бугарија, кои дошле да му дадат поддршка на Пендиков.