Дознај прв
(ВИДЕО) СИДНИ СВИНИ ВО НОВА КАМПАЊА: Актерката се појавува во провокативни фотографии за својот бренд
Сидни Свини промовира празнична колекција на својот бренд за долна облека со фотографии инспирирани од холивудскиот гламур и ретро-стилот.

Свини позира во долна облека, инспирирана од холивудскиот гламур
Сидни Свини објави нови фотографии како дел од промоцијата на празничната колекција на нејзиниот бренд за долна облека „Sy n“. Во една од фотографиите, актерката е претставена како „домашна помошничка“, додека во друга позира во црна долна облека, со изглед инспириран од холивудскиот гламур. Кампањата вклучува и фотографии на кои Свини носи ретро-комбинации, со краток раскопчан џемпер и црни хулахопки.
View this post on Instagram
Актерката најави и видео од снимањето на новата колекција
Свини споделила и видео на Инстаграм во кое се трансформира во различни верзии на ликовите од нејзините филмови, носејќи нови парчиња од колекцијата. Во објавата се појавуваат и стилски комбинации со кожни ракавици, чорапи и чевли со високи потпетици. Актерката неодамна престојувала во Њујорк, каде што снимала продолжение на филмот „Татната на слугинката“, а во текот на престојот била забележана и со својот партнер Скутер Браун.
View this post on Instagram
