Регион

(ВИДЕО) „ТУКА НЕ Е ПАРИЗ“: Протест во Софија откако сириски мигрант нападна две лица со нож

(ВИДЕО) „ТУКА НЕ Е ПАРИЗ“: Протест во Софија откако сириски мигрант нападна две лица со нож

Протест против мигрантите и мигрантскиот криминал се одржа синоќа во Софија, по нападот со нож врз две лица на 16 октомври. Демонстрантите се собраа пред Судската палата, барајќи построги мерки и поголема безбедност. Повод за протестот беше нападот во близина на Националната палата на културата (НДК), во кој двајца млади мажи беа повредени со нож од сириски државјанин со хуманитарен статус.

На собирот се скандираше „Тука не е Париз“, како и „Бугарија на Бугарите, бегалците надвор“. Демонстрантите изразија незадоволство од мигрантската политика и побараа нулта миграција и построга контрола врз странските државјани. По протестот пред Судската палата, учесниците маршираа кон споменикот на лавот пред НДК.

Погледнете видео од скандирањата на собирот: „Тука не е Париз“, како и „Бугарија на Бугарите, бегалците надвор“.

ОЗНАКИ: бугарија