Хроника

НЕЛЕГАЛНО КОПАЛЕ ЗА ЗЛАТО ВО ГОСТИВАРСКО: Уапсени четворица мажи

Четворица мажи биле затекнати како нелегално копаат за злато кај Калиште, Гостиварско. Полицијата одзела метален детектор, лопати и копачи.

НЕЛЕГАЛНО КОПАЛЕ ЗА ЗЛАТО ВО ГОСТИВАРСКО: Уапсени четворица мажи

Затекнати со метален детектор, лопати и копачи

Четири лица биле приведени синоќа во гостиварскиот регион, откако полицијата ги затекнала како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато. Според МВР, случајот бил пријавен во 20:20 часот во селото Калиште, на местото викано „Гури соколеци“. Полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Н.С. (63) од Џепчиште, М.Д. (55) од Челопек, З.М. (72) и Н.К. (78) од Врапчиште. Кај нив биле пронајдени и одземени метален детектор, лопати, копачи и други предмети.

Осомничени за оштетување природни реткости (злато)

Од МВР информираат дека четворицата се сомничат за кривично дело по член 264 од Кривичниот законик, кое се однесува на оштетување или уништување добра под привремена заштита или природни реткости. Тие биле задржани во полициска станица, а по документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

ОЗНАКИ: злато