Свет

(ВИДЕО) ТОТАЛЕН ХАОС ВЕЧЕРВА ВО ФРАНЦИЈА: Ултрасите на Ница се судрија со Антифа и мигранти

(ВИДЕО) ТОТАЛЕН ХАОС ВЕЧЕРВА ВО ФРАНЦИЈА: Ултрасите на Ница се судрија со Антифа и мигранти

Улични судири избувнаа денеска во Ница, Франција, каде што ултрасите на локалниот фудбалски клуб, според описите на снимките што се шират на социјалните мрежи, се судриле со припадници на Антифа и мигранти. Француските медиуми известуваат за насилни пресметки меѓу групи од екстремната десница и демонстранти во центарот на градот. Според локалните власти, судирите се случиле на повеќе локации, меѓу кои и областа Куле Вер и околината на „Хотел де Пост“.

Полицијата интервенирала со солзавец и водени топови, обидувајќи се да ги растера насобраните групи. До 19 часот биле приведени 61 лице, а биле евидентирани и тројца повредени, објавија француските медиуми. Инцидентите се случиле во текот на протестите против високите трошоци за живот, кои се одржале и покрај забраната за собири во центарот на Ница. Инаку денеска има големи протести во Франција, каде на улиците во Париз има над 400.000 луѓе, а регрутирани се над 70.000 полицајци.