Регион

(ВИДЕО) ТИРАНА И ВЕЧЕРВА ГОРИ: Демонстрантите ја нападнаа полицијата со пиротехника и молотови коктели

(ВИДЕО) ТИРАНА И ВЕЧЕРВА ГОРИ: Демонстрантите ја нападнаа полицијата со пиротехника и молотови коктели

Нови жестоки судири избувнаа денеска во Тирана, главниот град на Албанија, каде што демонстрантите истрелуваат ракети и огномети директно кон полициските кордони. Маскирани групи фрлаат пиротехнички средства, камења и молотови коктели кон полицајците, додека безбедносните сили возвраќаат со солзавец, водени топови и гумени куршуми. Насилството се прошири низ центарот на градот, вклучително и плоштадот „Скендербег“ и булеварот „Дешморет е Комбит“.

За време на протестите беа нападнати владини објекти, а беше предизвикан и пожар во Министерството за животна средина. Демонстрациите се насочени против владата на премиерот Еди Рама, а меѓу главните барања се борбата против корупцијата, подобрувањето на образованието и оставка на премиерот. Според извештаите на медиумите, повеќе од 300 демонстранти и полицајци биле повредени, а десетици лица биле приведени.