Спорт

(ВИДЕО) ВОЛКАНОВСКИ ДОМИНАНТНО ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА: Го израмни рекордот на УФЦ

Александар Волкановски го победи Мовсар Евлоев со технички нокаут во втората рунда на УФЦ 333 и стана рекордер со девет победи во борби за титулата во перолесна категорија.

(ВИДЕО) ВОЛКАНОВСКИ ДОМИНАНТНО ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА: Го израмни рекордот на УФЦ

Волкановски  продолжи да испишува историја во октагонот

Александар Волкановски доминантно ја одбрани титулата во УФЦ и го израмни рекордот на организацијата. Македонецот од Австралија повторно покажа зошто е меѓу најуспешните во својата категорија, контролирајќи го мечот и потврдувајќи го шампионскиот статус.

Рускиот предизвикувач го доживеа првиот пораз во кариерата

Волкановски го совлада непоразениот дотогаш Русин Мовсар Евлоев со технички нокаут во втората рунда, на 4:54 минути, на настанот УФЦ 333 во Абу Даби. Со победата Австралиецот стигна до деветтата победа во борба за титулата во перолесна категорија, надминувајќи го рекордот на Жозе Алдо, кој имаше осум. Евлоев, кој влезе во мечот со 20 победи без пораз, за првпат загуби во професионалната кариера.