Свет

(ВИДЕО) УЛТРАСИТЕ НА ПЕСКАРА ИЗЛЕГОА НА УЛИЦИТЕ ДА ГО „ЧУВААТ“ ГРАДОТ: Скандираа против мигрантите и Антифа – „Маранците ни се непријатели“

(ВИДЕО) УЛТРАСИТЕ НА ПЕСКАРА ИЗЛЕГОА НА УЛИЦИТЕ ДА ГО „ЧУВААТ“ ГРАДОТ: Скандираа против мигрантите и Антифа – „Маранците ни се непријатели“

Ултрасите на италијанскиот фудбалски клуб Пескара вчера излегоа во центарот на градот, во период на зголемени тензии поради најавените протести и стравувањата од можни инциденти. Навивачите се собраа на плоштадот Салото, каде што скандираа и ја следеа ситуацијата под засилено полициско обезбедување. На снимките што се споделуваат на социјалните мрежи се слушаат скандирањата „Dove sono i maranza?“ („Каде се маранците?“) и „Sono i nostri nemici!“ („Тие се наши непријатели!“). Терминот „маранци“ (maranza) е италијански сленг за млади кои се поврзуваат со улични групи, провокативно однесување и конфликти, а во овој контекст се користи и за млади со северноафриканско потекло.

Дел од објавите ги претставуваат ултрасите на Пескара како група што сака да го заштити градот од можни нереди поврзани со протестите на антифашистичките активисти. Италијанските медиуми известија дека, и покрај засилените безбедносни мерки, не дошло до очекуваните поголеми нереди. Ова не е прв ваков премиер, ултрас група да го штити својот град. Вчера истото го видовме и во Ница каде фановите на францускиот тим го штитеја својот град од мигрантите и антифа.

ОЗНАКИ: пескара