Дознај прв
(ВИДЕО) ПОЛНА САЛА СО ДВЕ НАВИВАЧКИ ГРУПИ: Работнички и Куманово пред исполнети трибини во „Градски парк“
Салата „Градски парк“ е исполнета до последното место за дербито Работнички – Куманово. На трибините навиваат „Сити Парк Бојс“ и „Кумани Запад“.

Кошаркарското дерби се игра во атмосфера како во старите добри времиња
Салата „Градски парк“ во Скопје е исполнета до последното столче за дерби-натпреварот меѓу Работнички и Куманово. Полни трибини, гласна поддршка и навивачка атмосфера го одбележуваат дуелот меѓу двата кошаркарски тима. На трибините се присутни двете навивачки групи – домашните „Сити Парк Бојс“ и гостинските „Кумани Запад“.
Две навивачки групи повторно на еден натпревар
До редакцијата на „24часа“ пристигна видео од салата, на кое се гледа атмосферата предизвикана од кошаркарското дерби. Големиот број присутни навивачи и поддршката за двата тима потсетуваат на времињата кога салите беа исполнети за најголемите кошаркарски пресметки. Дербито меѓу Работнички и Куманово уште еднаш покажа дека македонската кошарка може да привлече голем интерес кај публиката.
