Регион

(ВИДЕО) МАЖИ ВО ЦРНО СО РАНЦИ ВО „ЌАЦИЛЕНД“: Се стравува од можни немири вечерва во Белград

(ВИДЕО) МАЖИ ВО ЦРНО СО РАНЦИ ВО „ЌАЦИЛЕНД“: Се стравува од можни немири вечерва во Белград

Мажи облечени во црно, со ранци на грбот, се забележани во „Ќациленд“ во центарот на Белград, во период кога Србија ги очекува резултатите од вонредните парламентарни избори. Фотографии и информации за нивното присуство објави профилот „Србија центар“ на социјалната мрежа X. Според тврдењата објавени на профилот, полицијата наводно ги пуштала мажите само откако ќе ја внеселе шифрата на својот телефон.

Овие информации засега не се независно потврдени. Во меѓувреме, во Пионирскиот парк повторно се поставуваат шатори и придружна инфраструктура, а околу паркот е забележано засилено полициско присуство. Поради случувањата, се појавуваат стравувања од можни немири во текот на вечерта.

Погледнете ги видеата од „Ќациленд“.