Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) СЛАВЈЕ НИЗ ЦЕЛА СРБИЈА: Студентите ја слават изборната победа по улиците
Студентската листа во Србија прогласи победа на изборите. Првичните проекции на ЦеСИД и Ипсос ѝ даваат околу 52 проценти од гласовите и 138 мандати, наспроти 104 за листата на Вучиќ.

Студентската листа освои околу 52 проценти од гласовите
Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ вечерва прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Србија, откако првичните процени на ЦеСИД и Ипсос покажаа дека освоила околу 52 проценти од гласовите. Според проекциите направени врз основа на 56 проценти од обработениот примерок, студентската листа би можела да добие приближно 138 пратенички мандати, додека листата на Александар Вучиќ би освоила околу 104. За мнозинство во српското Собрание се потребни најмалку 126 од вкупно 250 пратеници.
Големо славје во изборниот штаб на студентите
Во централниот изборен штаб на студентите започна славје по објавувањето на првичните проекции, а претставниците на листата им се обратија на граѓаните со порака дека Србија влегува во ново политичко поглавје. „Драга Србијо, вечерва се слуша гласот на народот, вечерва се слуша гласот на слободата“, порачаа студентите, нагласувајќи дека граѓаните покажале оти нивната волја и храброст се посилни од пречките и стравот. Сепак, станува збор за првични проекции, а конечните резултати треба да ги потврди Републичката изборна комисија.
