Спорт
Дознај прв
30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ВО ШУТКА ЗА 20-годишникот кој повредил малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички
Кривичниот суд одреди 30-дневен притвор за 20-годишник осомничен дека повредил малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички.

Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор на 20-годишник осомничен дека повредил малолетник за време на тепачката меѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје. Според информациите од Обвинителството, осомничениот за време на конфликтот му задал удар во главата на момчето од спротивниот табор, по што малолетникот се онесвестил и паднал на земја. Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Осомничен е за кривично дело насилство и е во притвор во Шутка
Против 20-годишникот е поведена постапка за кривично дело насилство, а судот му одредил притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци и ризик да го повтори делото.
Тепачката се случила пред спортската сала
Инцидентот меѓу навивачките групи на кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички се случил околу 19 часот, пред спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром. По конфликтот, малолетникот бил пренесен на лекување, а надлежните институции преземаат постапки за случајот.
Видео од крвавата пресметка
View this post on Instagram
