Македонија

НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ГО ОСВОЈУВА РЕГИОНОТ: Македонските музичари настапуваат во Чешка и Сараево

Националниот џез оркестар на 2 ноември настапува во Чешка, а на 4 ноември го отвора 30. Jazz Fest Sarajevo со програмата „Macedonian Dreams“.

НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ГО ОСВОЈУВА РЕГИОНОТ: Македонските музичари настапуваат во Чешка и Сараево

Националниот џез оркестар продолжува со меѓународната промоција на македонската музика со два настапи во Чешка и Босна и Херцеговина. На 2 ноември, комбо ансамблот ќе настапи во престижната PETROF Gallery во Храдец Кралове, Чешка, со авторски композиции на македонски џез-музичари. Два дена подоцна, на 4 ноември, оркестарот ќе го отвори јубилејното 30. издание на Jazz Fest Sarajevo, во Народниот театар во Сараево.

„Macedonian Dreams“ на отворањето на фестивалот

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов ќе биде изведена програмата „Macedonian Dreams“, која претставува спој на традиционалната македонска музика, народните мелодии и ритми, авторските композиции и современиот џез-израз. Програмата претходно беше претставена пред публиката во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел.

Промоција на македонската џез сцена во Сараево

Настапите во Чешка и Сараево се нова можност за меѓународна афирмација на македонската џез-сцена. Со овие концерти, Националниот џез оркестар продолжува да ја претставува македонската музичка традиција и современиот џез-израз пред европската публика.