Македонија

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА АЛФА ТВ: Богојески го релативизираше семејното насилство и побара „машки надзор“ врз жените

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА АЛФА ТВ: Богојески го релативизираше семејното насилство и побара „машки надзор“ врз жените

Универзитетскиот професор и претседател на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, изнесе низа контроверзни ставови за жените, бракот и семејното насилство во дебата на телевизија Алфа. Во разговорот со адвокатката Катерина Котеска, воден од новинарката Паола Костадиновска, Богојески изјави дека реакцијата на сопругот по неверство од сопругата не треба да се смета за насилство, туку за „заштита на неговото достоинство“. Дополнително, тој оцени дека феминизмот ги натерал жените да се однесуваат на несоодветен начин и да го отфрлат „машкиот надзор“.

На прашањето кој треба да врши надзор врз жената, одговорил дека тоа е нејзиниот сопруг, бидејќи тоа било негова задача и обврска. Адвокатката Котеска се спротивставила на ваквите ставови, посочувајќи дека секој човек е одговорен за сопствените реакции и дека конфликтите во бракот треба да се решаваат со аргументи, а не со физичка сила. Изјавите на Богојески отворија прашања за релативизирањето на семејното насилство и за одговорноста на јавните личности при изнесувањето вакви ставови.

Погледнете го видеото:

За изјавата на Богојески за жените низа коментари и нашата објава на Инстаграм.