Македонија

БРАВО – ХУМАНИТАРЕН ГЕСТ НА ЖАРКО ПЕШЕВСКИ И АНТОНИО ТАШКОВСКИ: Дрес и карти за стендап на аукција за помош на Стефан

Жарко Пешевски нуди потпишан дрес на аукција, а Антонио Ташковски ги донира последните две карти за стендап за помош на Стефан Петрушевски.

БРАВО – ХУМАНИТАРЕН ГЕСТ НА ЖАРКО ПЕШЕВСКИ И АНТОНИО ТАШКОВСКИ: Дрес и карти за стендап на аукција за помош на Стефан

Ракометарот Жарко Пешевски и комичарот Антонио Ташковски, познат како „1 Човек“, се вклучија во хуманитарна акција за помош на Стефан Петрушевски. Пешевски на својот Инстаграм-профил понуди дрес од македонската ракометна репрезентација, потпишан од сите играчи кои настапија на последниот натпревар против Романија на Европското првенство. Почетната цена на дресот е 6.000 денари, а аукцијата ќе трае до петок во 21 часот.

Потпишан репрезентативен дрес на аукција

Сите средства собрани од продажбата на дресот ќе бидат донирани за Стефан, кој води тешка животна битка. Со овој гест, Пешевски повика на поддршка и солидарност од граѓаните.

„1 Човек“ ги нуди последните две карти за стендап

Во акцијата се вклучи и Антонио Ташковски, кој ги понуди последните две карти за својот стендап-настап. Тој ги повика граѓаните да ги купат билетите и на тој начин да помогнат во хуманитарната акција. Двата геста се уште еден пример за солидарноста и подготвеноста на јавните личности да помогнат кога некој се соочува со тешка животна ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonio Tashkovski (@1covek)