Македонија

ТИМЧО МУЦУНСКИ ОД БЛЕД: „Нашата отпорност е силна онолку колку што е силна нашата инфраструктура“

Тимчо Муцунски на Бледскиот стратешки форум го истакна значењето на Коридорите VIII и X и порача дека европската интеграција треба да ги трансформира институциите, а не идентитетите.

ТИМЧО МУЦУНСКИ ОД БЛЕД: „Нашата отпорност е силна онолку колку што е силна нашата инфраструктура“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваше на министерската сесија во рамки на Бледскиот стратешки форум. Во своето обраќање се осврна на геополитичките и безбедносните предизвици, транспортните коридори и европската перспектива на Западен Балкан. Муцунски го истакна стратешкото значење на Коридорите VIII и X, нагласувајќи дека Македонија е единствената земја во регионот каде што тие се вкрстуваат. „Нашата отпорност е силна онолку колку што е силна нашата инфраструктура“, порача тој. Министерот посочи дека членството во НАТО е значајна предност, но дека безбедносните ризици во регионот и понатаму остануваат присутни.

Тимчо Муцунски за европската интеграција

Говорејќи за проширувањето на ЕУ, Муцунски порача дека европската интеграција треба да биде стратешки приоритет, а напредокот на земјите кандидати да биде видлив. Според него, проширувањето не треба да се гледа само низ бирократска призма, туку како политичка и геостратешка одлука.

„Да ги трансформираме институциите, а не идентитетите“

Муцунски нагласи дека европската интеграција треба да придонесе за трансформација на институциите, но не и на идентитетите. Тој побара земјите од регионот да бидат оценувани според заслугите и според усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија.