Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРВО ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ТАРАНТО: Матеј Билистојаноски е шампион во карате
Матеј Билистојаноски освои златен медал во карате до 67 килограми и го донесе првото злато за Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026.

Матеј Билистојаноски го освои златниот медал за Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. Македонскиот каратист триумфираше во категоријата до 67 килограми и се искачи на највисокото место на пиедесталот. Билистојаноски со одлични борби и голема борбеност стигна до златото, носејќи и голема радост за македонската спортска јавност. Ова е прв златен медал за Македонија на овогодинешните Медитерански игри во Таранто. Успехот е резултат на долгогодишна работа, бројни тренинзи, дисциплина и големи одрекувања. Со неговиот триумф, македонската химна се слушна на Медитеранските игри, а Билистојаноски испиша уште една успешна страница во македонскиот спорт.
Билистојаноски до највисокото место
Матеј покажа голема концентрација и борбеност во текот на натпреварувањето, а со своите настапи заслужено стигна до златниот медал. Триумфот во категоријата до 67 килограми претставува голем успех за младиот македонски каратист.
Прво злато за Македонија во Таранто
Златото на Билистојаноски е прво најсјајно одличје за Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. Неговиот успех е голем повод за гордост и уште една потврда за квалитетот на македонските спортисти.
View this post on Instagram
