Македонија
Дознај прв
ОД ПИЦА И СУШИ, ПА СЀ ДО ЌЕБАПИ И ДЕСЕРТИ: Во петок започнува Aero street food festival во паркот кај авиончето во Општина Аеродром

Во петок започнува Aero street food festival во паркот кај авиончето во Општина Аеродром
Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе се претвори во голема кујна на отворено, каде што 20 гастрономски брендови ќе понудат бургери, такоси, суши, гиро, пица, фокача, ќебапи, печени компири, сладолед и бројни други специјалитети.
Петте фестивалски вечери ќе бидат исполнети и со настапи на домашни бендови и диџеи, како и со квизови, натпревари во брзо јадење и забавни предизвици со публиката.
📍 Парк „Авионче“, Аеродром
📅 4–8 септември
⏰ 17:30–00:30 часот
Се гледаме!
Во продолжение погледнете дел од ланската атмосфера на Aero street food festival:
View this post on Instagram
