Скопје

(ВИДЕО) 24ЧАСА ЕКСКЛУЗИВНО: Кој е Дамјан што „чкрташе“ под Железничка? Се подготвува голем проект за независноста на Македонија!

(ВИДЕО) 24ЧАСА ЕКСКЛУЗИВНО: Кој е Дамјан што „чкрташе“ под Железничка? Се подготвува голем проект за независноста на Македонија!

Младиот уличен артист предизвика реакции

Пред неколку дена, македонската јавност реагираше на фотографиите и видеата од младиот уличен артист Дамјан, кој беше забележан како создава уметнички дела под Железничка во Општина Аеродром.

Зад акцијата стои поголема идеја

Како што дознава „24ЧАСА“, Дамјан, заедно со „Боемот“ и група уметници, учествува во поголема уметничка акција низ Општина Аеродром. На јавни површини се испишуваат патриотски цитати од познати македонски автори, меѓу кои Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски и Горан Стефановски. Погледнете го видеото кое нашата редакција го сними со него.

Подготовки за проект посветен на независноста

Акцијата е дел од поголема иницијатива поврзана со одбележувањето на независноста на Македонија. Повеќе детали за проектот, кој го подготвуваат уметниците, се очекува да бидат објавени наскоро.