Скопје
Дознај прв
(ФОТО) МЛАДИТЕ ЛУКА И ДОНИ СО ГОЛЕМО СРЦЕ: На 16 и 17 години им помогнаа на првачињата од Чаир
Лука и Дони (16 и 17) обезбедија училишни ранци и прибор за првачињата од македонската паралелка во ООУ „Панајот Гиновски“ во Чаир.

Хуманост на младите Лука и Дони
Лука Јоакимовски (16) и Дони Божинов (17) со поддршка од донатори, спонзори и поддржувачи на турнирот „Златко Божинов – Божо“. Обезбедија училишни ранци и прибор за првачињата од македонската паралелка во ООУ „Панајот Гиновски“ во Општина Чаир. Покрај тоа, обезбедени се и пакети за семејство од Топанско Поле. Иницијативата е реализирана со средства и поддршка од донаторите, спонзорите и сите кои го поддржаа турнирот. Лука и Дони на овој начин помогнаа најмладите ученици да ја започнат учебната година со потребниот училишен прибор. Акцијата претставува пример дека и најмладите можат да бидат дел од хумани иницијативи. Организаторите упатија благодарност до сите кои помогнаа во реализацијата. Браво
