Македонија
Дознај прв
Перо Антиќ покажа шампионско срце: Плати 2.500 евра за дрес а парите отидоа за донација
Перо Антиќ го откупи потпишаниот дрес на Ламин Јамал за 2.500 евра, а средствата од хуманитарната аукција се наменети за лекување на две деца.

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ повторно покажа дека шампионскиот дух не е поврзан само со спортските резултати. Антиќ го откупи потпишаниот дрес на фудбалската ѕвезда Ламин Јамал за 2.500 евра, на хуманитарна аукција организирана во рамки на „Adria Sports Conference“. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на петгодишниот Реља Бокан и двегодишната Софија Дујловиќ од Бања Лука, кои се соочуваат со тешки здравствени предизвици. Со својот потег, Антиќ даде значаен придонес во хуманитарната акција и уште еднаш покажа дека спортот може да има голема општествена улога. (sportsport.mk)
Дресот на Јамал продаден за хуманитарна цел
На аукцијата бил понуден и потпишаниот дрес на Дани Олмо, кој исто така достигнал цена од 2.500 евра. Него, во име на КК Игокеа, го откупил извршниот директор на клубот Вук Радивојевиќ. Двата дреса така станаа дел од хуманитарната акција за помош на децата од Бања Лука.
Уште еден гест надвор од теренот
Антиќ, кој е амбасадор на КК Игокеа и голем пријател на конференцијата, со својот гест испрати порака дека вистинскиот шампионски карактер се покажува и надвор од спортските терени. Средствата од аукцијата ќе помогнат во лекувањето на двете деца, што на целиот настан му даде дополнително значење.
View this post on Instagram
