Свет

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА КИЕВ: Руски дрон ја погоди зградата на СБУ

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА КИЕВ: Руски дрон ја погоди зградата на СБУ
Руски дрон ја погоди централната зграда на Службата за безбедност на Украина (СБУ) на улицата Володимирска во Киев, спроти катедралата „Света Софија“. Експлозијата се случила околу 15:30 часот, по што над централниот дел на градот се издигнал густ црн чад. Претседателот Володимир Зеленски соопшти дека дронот бил насочен директно кон кабинетот на вршителот на должноста шеф на СБУ, Олександр Поклад, кој во моментот на ударот не бил во канцеларијата.
Според последните информации од градоначалникот Виталиј Кличко, девет лица се повредени, од кои седум се хоспитализирани. Пожарот во објектот е локализиран, а при ударот биле оштетени дел од конструкцијата и надворешниот ѕид на зградата. Експлозивниот бран предизвикал и оштетувања во комплексот „Софија Киевска“, каде што биле искршени прозорци и оштетени стаклени конструкции на историскиот објект „Консисторија“. Зеленски му наложил на раководството на СБУ да подготви одговор на нападот, а на местото продолжуваат да работат итните служби.

Поглденете на видео како руски дрон ја погоди зградата на СБУ.