Македонија

(ФОТО+ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА КАЈ ЧАШКА: Гром усмрти 107 овци, сточарот остана без цело стадо

Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка. Случајот е пријавен, а институциите најавија дека ќе ги разгледаат можностите за помош.

(ФОТО+ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА КАЈ ЧАШКА: Гром усмрти 107 овци, сточарот остана без цело стадо

Гром усмрти 107 овци

Сточарот Тасин Усеинов од Општина Чашка доживеал огромна загуба откако удар од гром усмртил дури 107 овци од неговото стадо. Несреќата се случила во средата, кога громот го погодил стадото. Случајот е пријавен до Сојузот на одгледувачи на овци, од каде што информираат дека Усеинов побарал помош по големата загуба.

Огромна загуба за сточарот

Од Сојузот очекуваат институциите да изнајдат начин да му помогнат на сточарот да ја надмине ситуацијата и да продолжи да се занимава со овчарство. Загубата од 107 овци претставува сериозен удар за неговото домаќинство и за целиот негов сточарски бизнис.

Гром

Случајот стигна и до Министерството

За несреќата е информирано и Министерството за земјоделство, од каде што посочиле дека ќе биде разгледана секоја можност за помош на Усеинов.