Македонија
Дознај прв
СТАРАТА ЧАРШИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАБЛЕСКА ВО НОВО РУВО: Обновени 27 објекти
Старата чаршија во Гевгелија е целосно обновена со реконструкција на 27 објекти, партерно уредување и реконструкција на пристапните улици.

Старата чаршија во Гевгелија доби нов и поуреден изглед, откако денеска беше пуштена во употреба реконструираната чаршија. Во рамки на проектот се обновени вкупно 27 објекти, за кои Министерството за транспорт издало исто толку одобренија за реконструкција. Проектот е реализиран како дел од активностите за заштита и обновување на културното наследство. Покрај објектите, биле издадени и дозволи за партерно уредување, реконструкција на пристапните улици и главната улица во чаршијата.
Обновено културното наследство
На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов. Од надлежните беше истакнато дека обновените објекти сега имаат значително подобар изглед, со што се зачувува автентичноста на старата чаршија.
Нови инвестиции во Гевгелија
Покрај реконструкцијата на чаршијата, во Гевгелија преку државниот буџет дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари во различни инфраструктурни проекти. Меѓу нив се завршени и проекти во Моин, Прдејци и Богородица, а се работи и на повеќе улици и булевари во градот.
