Македонија

БАРАЛ 1.500 ЕВРА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОЖАРНА: Возачот на Игор Јанушев фатен со обележани пари

БАРАЛ 1.500 ЕВРА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОЖАРНА: Возачот на Игор Јанушев фатен со обележани пари

Возачот на Игор Јанушев фатен со обележани пари

Димитар Цингаровски, вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата и ангажиран како возач на генералниот секретар Игор Јанушев, е осомничен дека побарал 1.500 евра за да посредува за вработување пожарникар во Противпожарната бригада на Град Скопје. Според Обвинителството, парите ги побарал во периодот од 24 јули до 4 септември, ветувајќи дека ќе го искористи своето претпоставено влијание кај службени лица во Град Скопје. Случајот бил пријавен од граѓанинот од кого биле побарани парите, по што надлежните институции презеле дејствија за обезбедување докази.

На 4 септември Цингаровски бил затекнат при примопредавање на 500 евра, кои претходно биле обележани, како дел од вкупно побараните 1.500 евра. ОЈО ГОКК против него води истражна постапка за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителството и му определил 30 дена притвор, поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци и опасност од повторување на делото.

Возачот на Игор Јанушев бил фатен со одбележани пари, а допрва се очекуваат реакциите од владејачката партија.

Извор: Скопје1