Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО БУДИМПЕШТА: Ќе одбележи 70 години од Унгарската револуција

Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година, со комеморативни настани и средби.

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО БУДИМПЕШТА: Ќе одбележи 70 години од Унгарската револуција

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на комеморативните настани и свечената програма

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година. Во рамките на меѓународната програма ќе се одржи свечена седница на Националното собрание на Унгарија, како и централен комеморативен собир на плоштадот „Лајош Кошут“. Сиљановска-Давкова ќе присуствува и на работниот ручек, на кој домаќин ќе биде претседателот на Унгарија, Тамаш Шуљок.

Предвидени се комеморација, гала-свеченост и средба со дијаспората

По повод годишнината ќе се одржи гала-свеченост во Унгарската државна опера, а програмата ќе заврши со прием во Музејот на ликовните уметности, чиј домаќин ќе биде унгарскиот премиер Петер Маѓар. За време на посетата, претседателката ќе оствари и средба со претставници на македонската дијаспора во Унгарија.