Магазин
Дознај прв
МАКЕДОНЦИТЕ ПОТРОШИЛЕ 1,6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ONLYFANS: Податоците се проценка за една година
Проценките на JuicySearch покажуваат дека корисниците од Македонија потрошиле околу 1,6 милиони долари на OnlyFans.

Корисниците од Македонија во периодот од декември 2024 до ноември 2025 година потрошиле проценети 1,4 милиони евра на платформата OnlyFans, покажуваат податоците од аналитичкиот сервис JuicySearch, објавени од „Блумберг Адрија“. Сумата e околу 1,6 милиони долари, а се однесува на проценета потрошувачка, не на официјално потврдени трансакции. Во регионалната споредба, најголема потрошувачка има Хрватска, со околу 11,6 милиони долари. Следуваат Словенија со околу 10,3 милиони долари и Србија со околу 8,9 милиони долари. Во Босна и Херцеговина проценката изнесува околу 2,7 милиони долари, додека во Црна Гора околу 700.000 долари.
Податоците се аналитички проценки
JuicySearch ги пресметува сумите врз основа на глобални финансиски податоци и интернет-пребарувања. Станува збор за проценки, а не за официјална евиденција на реалните уплати од корисниците во секоја земја. Поради тоа, бројките треба да се толкуваат како приближна слика за потрошувачката на платформата.
OnlyFans функционира преку претплати и платена содржина
OnlyFans е платформа на која корисниците плаќаат претплати или дополнителни износи за пристап до содржини на авторите. Иако на неа се објавуваат различни видови содржини, платформата е најпозната по материјалите наменети за возрасни (порнографија).
