Регион
Дознај прв
МАКЕДОНСКИ НОВИНАРИ ЗАДРЖАНИ НА СРПСКАТА ГРАНИЦА: Екипата на Сител чекала повеќе од два часа пред утрешните избори

Македонски новинарски екипи кои патувале во Белград за да известуваат за утрешните парламентарни избори во Србија денеска биле задржани на граничен премин. Според изјава на новинарот Александар Спасовски, екипата на Сител, како и други македонски новинари, чекале околу два до два и пол часа за да влезат во Србија. За време на проверките, на новинарите им биле одземени пасошите.
Тој во јавување од Белград изјави дека по задржувањето им бил дозволен влез во земјата. Тој посочил дека поради чекањето екипата пристигнала во Белград само 15 до 20 минути пред јавувањето. Телма, освен Сител, исто така, објави дека нејзината новинарска екипа утрово чекала речиси еден час на границата, каде што биле забележани засилени проверки.
View this post on Instagram
