Хроника

ПОЧИНА НУРИ БАЈРАМИ: Поранешниот потпретседател на ДКСК имаше 66 години

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен потпретседател на ДКСК, долгогодишен новинар, главен уредник и правник.

ПОЧИНА НУРИ БАЈРАМИ: Поранешниот потпретседател на ДКСК имаше 66 години

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Тој беше правник по професија, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2. Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами преку објава на Фејсбук.

Пет години беше член на Антикорупциската комисија

Бајрами беше дел од составот на ДКСК од 2019 година до февруари 2024 година. Претходно речиси една деценија работел како новинар и главен уредник во ТВ2. Во текот на професионалната кариера бил ангажиран и во Генералниот секретаријат на Владата како виш соработник за подобрување на соодветната и правичната застапеност.

Работел во Министерството за правда и Општина Гостивар

Нури Бајрами работел и во Министерството за правда како виш соработник за односи со јавноста и како службено лице за посредување со информации од јавен карактер. Во Општина Гостивар бил раководител на Одделението за управување со човечки ресурси, а ја извршувал и функцијата службено лице за посредување со информации од јавен карактер. Од семејството соопштија дека погребот ќе се одржи денеска по попладневната молитва.