Свет

Поранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот ТУПАК ШАКУР

Поранешниот шеф на банда Дуен Дејвис е прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур во Лас Вегас во 1996 година.

Поранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот ТУПАК ШАКУР

Поранешниот водач на уличната банда „Саут сајд Комптон крипс“, Дуен „Киф Д“ Дејвис, е прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур. Поротата го прогласила 63-годишниот Дејвис за виновен по едно обвинение за убиство поврзано со смртта на Шакур во Лас Вегас во 1996 година. Обвинителите тврделе дека Дејвис не бил човекот што пукал, но дека го наредил убиството и го обезбедил оружјето. Според обвинението, оружјето потоа го користел неговиот внук Орландо Андерсон во нападот. Тупак Шакур беше убиен на 7 септември 1996 година, на само 25-годишна возраст, во момент кога се наоѓаше на врвот на својата кариера. Убиството се случи во период на големо ривалство меѓу рап сцените на источниот и западниот брег на САД, како и вооружени пресметки меѓу ривалските банди „Бладс“ и „Крипс“.

Убиството на Тупак Шакур кое со децении остана нерасчистено

Смртта на Тупак Шакур со години беше една од најпознатите мистерии во музичкиот свет. Случајот повторно се актуелизираше со истрагата која доведе до обвинение против Дејвис.

Дејвис не бил директниот стрелец

Обвинителите тврделе дека Дејвис не го испукал смртоносниот куршум, но дека имал клучна улога во организирањето на нападот. Поротата сега го прогласи за виновен за убиството на еден од најпознатите рапери во историјата.