Регион

Ратко Младиќ се враќа во Белград: Ќе биде погребан покрај својата ќерка која се самоуби

Телото на Ратко Младиќ пристигна во Белград, а погребот ќе се одржи во понеделник на „Топчидер“, покрај неговата ќерка Ана.

Ратко Младиќ се враќа во Белград: Ќе биде погребан покрај својата ќерка која се самоуби

Погребот на Ратко Младиќ закажан за понеделник

Телото на поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, пристигна во Белград од Хаг, каде што почина на 27 август на 84-годишна возраст. Комеморацијата ќе се одржи в сабота, 5 септември, во Домот на војската во Белград, додека погребот е закажан за понеделник на гробиштата „Топчидер“. Младиќ, кој издржуваше доживотна казна затвор за воени злосторства, меѓу кои и геноцидот во Сребреница, ќе биде погребан според својата желба покрај ќерката Ана.

Ана починала во 1994 година

Ана Младиќ, која била студентка по медицина во Белград, починала во март 1994 година на 24-годишна возраст, а нејзината смрт длабоко го потресла нејзиниот татко. Таа била погребана на „Топчидер“, каде што сега ќе биде погребан и Младиќ. Според пишувањата во медиумите, по смртта на ќерката Младиќ развил сомнежи дека таа не извршила самоубиство, туку дека била ликвидирана. Постојат различни верзии и тврдења околу причините и околностите за нејзината смрт, кои со години се предмет на јавни полемики.