Македонија

ТИТО ПЕТКОВСКИ СО КРИТИКИ ЗА ПРОСЛАВАТА ЗА 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: Владата организираше „журки“ само во градовите со доминантно македонско етничко население

ТИТО ПЕТКОВСКИ СО КРИТИКИ ЗА ПРОСЛАВАТА ЗА 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: Владата организираше „журки“ само во градовите со доминантно македонско етничко население

Поранешниот претседател на Собранието и член на НСДП, Тито Петковски, упати критики за начинот на кој Владата ја организираше прославата по повод 35 години независност на Македонија. Во текот на претходниот месец, владата организираше караванот „Силно светнал ден“, со концерти и настани во повеќе градови низ земјата.

Петковски забележува дека концертите, според него, биле организирани на „едноетничка основа“ и само во градови со доминантно македонско етничко население. Тој смета дека ваквиот начин на одбележување не ја отсликува целата држава и сите нејзини граѓани. Петковски дополнително објави и ироничен статус во кој зборува за „грандиозен марш низ Триумфалната капија“ и за „огромните успеси“ постигнати во изминатите 35 години.

Во статусот тој иронично се осврнува и на поранешните политички пораки дека „наше ќе биде и Солунско поле“. „Многу е важно исто така, да се качат и на една тераса ‘уште погоре’, за да видат до каде е ‘наше и Солунското поле’“, напиша Петковски.