Хроника
Дознај прв
ТРАГЕДИЈА КАЈ ОХРИД: Загина 33-годишниот кошаркарски тренер Антонио Савевски

Голема трагедија го потресе Охрид, откако во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 33-годишниот кошаркарски тренер Антонио Савевски.
Несреќата се случила синоќа околу 23:30 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево, кога возилото „Хјундаи Гец“ удрило во куче скитник, по што излетало од коловозот и се забило во металните браници. Автомобилот потоа се запалил, а Савевски го загубил животот. Тој бил поранешен тренер на ГКК Охрид, каде што ги започнал своите тренерски чекори, а од него емотивно се простија и од Водно Санс, каде што бил долгогодишен тренер и вработен.
„Пред сè другарчина, страствен како човек и тренер, но и на светско ниво познат колекционер на дресови“, порачаа од Водно Санс. „Ќе ни фалиш на сите до еден Тонка. Слава му“, стои во нивната порака посветена на прерано загинатиот Антонио Савевски.
View this post on Instagram
Утрово беше познато дека е направена сообраќајка. Подоцна се докажа идентитетот.
Трагедија кај Охрид: Возач загина откако удрил во кучиња, автомобилот се запалил
