Македонија

УТРИНАВА ГОРАТ ДВЕ ЛОКАЦИИ: Активни пожари во Грачани и Белица

Утрово во Македонија се регистрирани 31 пожар на отворен простор. Активни се пожари во Грачани и Белица, додека пет се под контрола.

УТРИНАВА ГОРАТ ДВЕ ЛОКАЦИИ: Активни пожари во Грачани и Белица

Во Македонија утрово се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, пет се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во селото Грачани, во Општина Ѓорче Петров, каде што гори шума, а огнот е активен и на територијата на Косово. Вториот активен пожар е во Општина Македонски Брод, кај селото Белица, во месноста Кајорец, каде што е зафатена нискостеблеста деградирана и мешана шума.

Пет пожари ставени под контрола

Под контрола се пожарите кај селата Буринец, Локов и Селци во Струга, во селото Копаница во Сарај, кај селото Брест во Чучер-Сандево, како и пожарите на депониите во Кратово и Делчево.

Десетици пожари веќе изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати пожари на повеќе локации низ земјава, меѓу кои во Сарај, Гази Баба, Арачиново, Сопиште, Новаци, Битола, Струмица, Радовиш, Дојран, Струга, Македонски Брод и други општини. Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата и интервенции на местата каде што пожарите сè уште се активни.

ОЗНАКИ: пожар