Регион

(ВИДЕО) Бугарска новинарка турната од обезбедувањето додека сакала да постави прашање на претседателката на Собранието

Бугарска новинарка била тргната од собраниското обезбедување додека се обидувала да ѝ постави прашање на претседателката на Собранието.

(ВИДЕО) Бугарска новинарка турната од обезбедувањето додека сакала да постави прашање на претседателката на Собранието

Инцидент пред Собранието додека новинарката се обидувала да добие одговор

Бугарската новинарка Соња Колтуктиева вчера е турната од припадник на Службата за национална безбедност, обидувајќи се да добие изјава од претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова, во моментот кога таа влегувала во автомобилот. Инцидентот се случил по состанокот на највисокото партиско тело на „Прогресивна Бугарија“, партијата на бугарскиот премиер Румен Радев.

Видеото го документира моментот на интервенцијата

На видеото од инцидентот, објавено на социјалните мрежи, се гледа како припадник на обезбедувањето ја турка новинарката, по што таа паѓа на тротоарот. Колтуктиева останува да лежи на земја и по заминувањето на автомобилот на претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова. Неколку лица што се најдоа на местото на настанот пристапуваат кон неа, укажувајќи и помош.

Потоа, новинарката е пренесена во Военомедицинската академија, каде што е прегледана, а од каде е пуштена на домашно лекување.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, таа се здобила со повеќе повреди, меѓу кои исчашено рамо, а постојат и сомневања за потрес на мозокот.

Приведен е припадникот на НСО што ја турна новинарката, откако претходно доброволно дал исказ за случајот.

Ова е видеото од инцидентот:

 

ОЗНАКИ: бугарија