Магазин
Дознај прв
(ВИДЕО) „ТАКА НИ КАЖАА“: Одбојкарот Ѓорѓи Ѓорѓиев по мечот со Бугарија даде изјава на англиски јазик
Ѓорѓи Ѓорѓиев по мечот со Бугарија на ЕП во Софија даде изјава на англиски јазик. На прашањето зошто, кратко одговори: „Така ни кажаа“.

Ѓорѓи Ѓорѓиев одговори на англиски
Македонскиот одбојкар Ѓорѓи Ѓорѓиев даде изјава на англиски јазик по натпреварот со Бугарија на Европското првенство во одбојка во Софија. По завршувањето на мечот, бугарски новинар побара изјава од македонскиот репрезентативец во микс-зоната. Ѓорѓиев вели дека „така им кажале“ да биде на англиски. Потоа продолжи со изјавата на англиски, во која зборуваше за одиграниот натпревар.
Шест години играше во Бугарија
Ѓорѓиев има долгогодишно искуство во бугарската одбојка, каде што шест години настапуваше за неколку клубови. Неговата изјава по натпреварот беше објавена и на видео, а потегот предизвика бројни реакции во Бугарија. Особено остри реакции имаше од дел од бугарските националисти, кои му замерија што одби интервјуто да го даде на бугарски јазик.
