Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) Венко Филипче со критика за власта: „Македонија губи време, а со него ги губи и генерациите“
Венко Филипче порача дека Македонија губи драгоцено време и генерации поради застојот на европскиот пат и повика на конкретни реформи.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека Македонија предолго стои во место и дека изгубеното време станува најскапата цена за државата. Тој зборуваше на свечениот настан по повод 35 години независност во Македонската филхармонија, посочувајќи дека соседните земји напредуваат на европскиот пат, додека Македонија сè уште не го отворила првиот кластер.
Венко Филипче – „Соседите отвораат и затвораат поглавја“
Филипче ги спореди европските интеграции на Македонија со оние на Албанија и Црна Гора, нагласувајќи дека застојот не е само политичка статистика, туку загуба на можности за граѓаните. Според него, зад европските поглавја стојат реформи што значат независно судство, подобра администрација, почиста животна средина, побезбедна храна и подобра инфраструктура.
„Нема повеќе време за нови изгубени децении“
Лидерот на СДСМ порача дека европските интеграции се државен интерес и дека се потребни конкретни одлуки и работа, а не само политичка реторика. Тој оцени дека Македонија нема време за нови одложувања и повика неговата генерација да ја заврши работата започната пред 35 години. „Нашата задача денес е таа независност да има содржина – добар живот, праведно општество, функционална држава, сигурна иднина и европска Македонија“, порача Филипче.