Дознај прв
(ВИДЕО) ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА ВО КИРГИСТАН: Васил Ангелов освои прво место на „Echo of Nomads“
Младиот македонски музичар Васил Ангелов освои прво место според жирито на интернационалниот музички натпревар „Echo of Nomads“ во Киргистан.

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА ВО КИРГИСТАН: Васил Ангелов освои прво место
Младиот македонски музичар Васил Ангелов освои прво место според жирито на интернационалниот музички натпревар „Echo of Nomads“ во Киргистан. Натпреварот се одржува во Чолпон-Ата, на брегот на езерото Исик-Кул, како дел од културната програма на шестите Светски номадски игри. На „Echo of Nomads“ учествуваат 21 изведувач од 20 земји, меѓу кои и Ангелов, кој ја претставува Македонија. Натпреварот е посветен на музичкото наследство на различни народи, претставено преку современи интерпретации, а учесниците се натпреваруваат во категориите „Ethno-Hit“ и „World Hit“. Финалето и доделувањето на наградите се одржуваат денеска, 4 септември, по што фестивалот завршува со гала-концерт. Успехот на Ангелов е уште едно меѓународно признание за македонската музика и младите македонски изведувачи.
View this post on Instagram
