Македонија
Дознај прв
ЗАВРШИ САНАЦИЈАТА: Мостот на Маркова Река од денеска повторно целосно отворен
Санацијата на мостот на Маркова Река заврши пред рокот и од денеска е целосно во функција. Инвестицијата изнесува 4,6 милиони денари.

Санацијата на мостот на Маркова Река заврши пред предвидениот рок, а од денеска мостот е целосно во функција. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека со реконструкцијата се подобрени безбедноста и функционалноста на мостот на регионалниот пат Р1106.
Обновена конструкцијата на мостот кај Маркова Река
Во рамки на градежните активности биле отстранети старите дилатациони фуги, сливници, асфалтот и тротоарите, по што била поставена нова бетонска плоча и хидроизолација. Извршено е и ново асфалтирање, изградени се тротоари со рабници и е санирана парапетната греда.
Инвестицијата над 4,6 милиони денари
Средствата за санацијата биле обезбедени од буџетот на ЈПДП, а за проектот биле издвоени 4.619.800 денари без ДДВ. Градежните работи ги изведувала компанијата „Синтек Инженеринг“, додека надзорот го вршела фирмата „ЕОС Е.Е.“.
