Македонија

33 ПОМАЛКУ ЗАГИНАТИ НА ПАТИШТАТА: МВР со нова стратегија за побезбеден сообраќај

Во првите десет месеци од 2026 година загинале 84 лица во сообраќајни незгоди, за 33 помалку од истиот период лани. Новата стратегија цели кон 50% помалку жртви до 2030 година.

33 ПОМАЛКУ ЗАГИНАТИ НА ПАТИШТАТА: МВР со нова стратегија за побезбеден сообраќај

Во првите десет месеци од годинава на македонските патишта загинале 84 лица, што е за 33 помалку во споредба со истиот период лани, кога биле регистрирани 117 жртви. Податоците ги соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026–2030 година. Новата стратегија поставува цел до 2030 година бројот на загинати во сообраќајни незгоди да се намали за 50 проценти во споредба со 2024 година.

Целта е преполовување на жртвите до 2030 година

Тошковски посочи дека во изминатите 35 години на македонските патишта годишно во просек животот го губеле околу 150 лица. Според него, намалувањето на бројот на жртви е резултат на поголемата одговорност на граѓаните, посовесното возење и почитувањето на сообраќајните правила, но и на заедничките активности на институциите и организациите.

МВР најавува нови превентивни мерки

Македонија, преку Министерството за внатрешни работи, е меѓу петте селектирани институции за потенцијална награда на Светскиот полициски самит во Дубаи. Од МВР најавуваат продолжување на активностите за превенција, едукација, примена на современи технологии и доследно спроведување на законите, со цел намалување на бројот на жртви и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

ОЗНАКИ: мвр
Жан Митрев