Македонија
Дознај прв
ХАЛКБАНК НАЈСЕРИОЗЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АЛТА БАНКА: Во игра и Стопанска банка

Халкбанк е најсериозниот кандидат за купување на Алта банка АД Битола, дознава порталот „ПорталиX“ од свои извори. Интерес за преземање на банката покажува и Стопанска банка, а според информациите, двете банки веќе оствариле првични контакти со Народната банка и претставници на Алта. Според проценките на изворите на порталот, вредноста на евентуалната трансакција би можела да се движи меѓу 50 и 100 милиони евра, но засега нема договор за продажба ниту утврдена конечна цена.
Интересот за преземање доаѓа по одлуката на Народната банка да воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка, поради случувањата со нејзиниот доминантен сопственик во Србија. Белградската Алта банка, која поседува над 95 отсто од акциите во банката во Битола, остана без дозвола за работа од српскиот регулатор.
Од Народната банка претходно соопштија дека воведувањето администрација не значи затворање на банката, одземање на дозволата или отворање стечај, нагласувајќи дека таа е ликвидна и високо капитализирана. Во меѓувреме, за физичките лица останува привременото ограничување од 10.000 денари неделно за подигање готовина и плаќања преку картички.
Во моментов се воведени рестрикции.

