Спорт

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: Нина Талеска е светска вицешампионка

Младата Нина Талеска од „Break a Leg“ освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп во Полска, во категоријата „Мини кидс“.

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: Нина Талеска е светска вицешампионка

Младата Нина се искачи на светскиот подиум во Полска

Младата Нина Талеска од танцовото студио „Break a Leg“ освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп, кое се одржува во Келце, Полска. Таа го освои второто место во категоријата хип-хоп соло „Мини кидс“, постигнувајќи историски резултат за македонскиот танц. На натпреварувањето учествуваат околу 4.000 танчери од 34 земји, а првенството се одржува од 17 до 24 октомври.

нина

Тренерот горд на успехот и посветеноста на Нина

Тренерката и кореографка Андријана Петковски истакна дека освоениот медал е резултат на голема посветеност, дисциплина и напорна работа. Таа изрази гордост со Нина и верување дека ова е само почеток на нејзините успеси. Тимот на „Break a Leg“ ги продолжува настапите и во јуниорските и сениорските категории, со надеж за нови високи пласмани.

ОЗНАКИ: хип хоп