Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ХАОС ВО БЕЛГРАДСКАТА АРЕНА: Навивачите се тепаа, а потоа се судрија и со полицијата

Тепачка меѓу навивачите на Партизан и Црвена звезда, а потоа и судир со полицијата, се случи синоќа во Белградската арена, пред кошаркарското дерби од Евролигата. Според српските медиуми, инцидентот избувнал на трибините, каде што дошло до пресметка меѓу навивачките групи. Во нередите биле употребени и бакљи, а дел од оградата на трибината паднал. Полицијата интервенирала за да ја прекине тепачката и да ги раздели учесниците, но ситуацијата прераснала и во судир со полициските службеници. Според случувањата во Белградската арена, дел од учесниците во инцидентот биле приведени. Нередите се случиле пред почетокот на натпреварот меѓу големите белградски ривали.
Погледнете повеќе од видеото:
View this post on Instagram
