Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) МАКЕДОНСКО СЛАВЈЕ ВО КАФЕЗОТ: Даниела Алексовска со победа над Гркинката на ФНЦ спектаклот

Македонската ММА боречка Даниела Алексовска оствари голема победа на настанот ФНЦ 34, кој вечерва се одржува во Скопје. Алексовска настапи против Гркинката Мина Хаѕопулу во борба во сламка категорија. Настанот е историски за македонската боречка сцена, бидејќи организацијата Fight Nation Championship за првпат одржува настан во Македонија.
Борбите се одржуваат во спортскиот центар „Борис Трајковски“, пред домашната публика. Алексовска претходно беше прогласена за најдобра млада спортистка во Македонија за 2025 година, а има освоено и бронзен медал на Светското ММА првенство во Тбилиси.
Погледнете го исечокот од победата на Даниела Алексовска:
View this post on Instagram
Вечерва спортска сала Борис Трајковски е исполнета речиси до последното столче и владее одлична атмосфера.
