Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО ТЕПАЧКА) СКАНДАЛ ВО СВЕТОТ НА УФЦ: Мераб Двалишвили нападнат од Нурмагомедови во Абу Даби
Видео од пресметката во Абу Даби го објави Илија Топурија. Мераб Двалишвили тврди дека бил нападнат од околу 20 лица, а приведувањето на Усман Нурмагомедов не е потврдено.

Поранешниот шампион на УФЦ, Илија Топурија, објави видео од физичка пресметка во Абу Даби, во која, според обвинувањата, бил нападнат грузискиот борец Мераб Двалишвили од Усман Нурмагомедов, неговиот брат Умар и група нивни соработници. На снимката се гледа како група мажи му приоѓаат на Двалишвили додека тој снима промотивен материјал за претстојниот турнир на РАФ, по што еден од нив го удира во лицето. По инцидентот, Грузиецот се појави со крваво лице и силно отечено око.
Топурија тврди дека Нурмагомедов е приведен
На видеото се гледа и како Двалишвили и негов пријател влегуваат во физичка пресметка со неколку лица, а во еден момент грузискиот борец е подигнат и фрлен на земја. Топурија првично објави остра порака во која ги нарече напаѓачите кукавици, а подоцна тврдеше дека Усман Нурмагомедов и дел од неговата придружба биле приведени. Сепак, нема независна потврда за приведувањето, ниту официјална информација од локалните власти.
Двалишвили тврди дека бил нападнат од околу 20 лица
И самиот Двалишвили обвини дека тој и неговиот пријател биле нападнати од околу 20 лица, кои продолжиле да ги удираат и клоцаат дури и откако паднале на земја. Тој тврди дека нападот се случил кратко по пристигнувањето во Абу Даби и ги повика противниците да се соочат со него во борба, наместо да напаѓаат одзади. Тензиите меѓу двата табора траат подолго време, особено по победата на Двалишвили над Умар Нурмагомедов на УФЦ 311 во јануари 2025 година, во борба за титулата во бантам категорија. Засега нема официјален одговор од браќата Нурмагомедов за обвинувањата.

