Македонија
Дознај прв
КАЗИНО ВО КИЧЕВО КРАДЕЛО СТРУЈА: Треба да плати над 2,7 милиони денари
„Електродистрибуција“ открила манипулација со две броила во казино во Кичево. За неовластено користење струја е пресметана штета од 2.722.798 денари.

Казино во Кичево било откриено при неовластено користење електрична енергија, откако екипи на „Електродистрибуција“ утврдиле манипулација со две броила. При теренска контрола, спроведена во објект на улицата „Магистрален пат“, бил пронајден специјален уред со кој се влијаело врз мерењето на потрошената електрична енергија. Контролата следувала по претходни анализи на потрошувачката и следење на динамиката на користење на струјата. Од компанијата соопштуваат дека со мерењата биле регистрирани фреквенции од 225 до 340 херци, наместо стандардните 50 херци.
Со специјален уред биле од две броила во Кичево краделе струја
Според наодите на „Електродистрибуција“, бил користен уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар, со кој било овозможено делумно или целосно нерегистрирање на реално потрошената електрична енергија. При контролата било забележано и невообичаено зуење во мерниот ормар. По утврдените неправилности бил составен записник за неовластено користење електрична енергија, а до Министерството за внатрешни работи била поднесена пријава согласно член 235-а од Кривичниот законик.
Надоместот на штетата изнесува 2,7 милиони денари
За двете мерни места биле изготвени посебни фактури за надомест на штета во вкупен износ од 2.722.798 денари. Случајот е пријавен до надлежните институции, а против одговорните може да следува постапка за неовластено преземање електрична енергија.

